Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби

Општина Струмица денеска беше домаќин на заедничката седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија која што се одржа во просториите на домот на АРМ. По тој повод, а потврдувајќи ги добрососедските односи, Владата на Република Бугарија на општина Струмица и донираше специјално возило за превоз на лица со посебни потреби. Клучевите од возилото на градоначалникот Коста Јаневски му ги врачи бугарскиот премиер Бојко Борисов.