Градоначалникот Јаневски ја отвори модната ревија на лицата со посебни потреби

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски заедно со две дечиња во улога на манекени, ја отворија модната ревија „Убави сме, свои сме“ која во организација на здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром од Струмица се одржа по повод меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. „Не само денеска и не само еден ден, лицата со посебни потреби ги заслужуваат нашето внимание и грижа и во останатите 364 денови, затоа што сите сме еднакви, само потребите ни се различни“, порача градоначалникот Јаневски. На модната писта се појавија повеќе дечиња во придружба на познати личности, меѓу кои и сопругата на претседателот на Владата на Република Македонија, Зорица Заева.