Училиштето „Даме Груев“ од Куклиш го одбележа патрониот празник

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Даме Груев“ од населеното место Куклиш, денеска, го одбележаа патрониот празник. Почитувајќи го празникот и поддржувајќи го воспитно-образовниот процес, на одбележувањето присуствуваа и градоначалникот Коста Јаневски, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и претставници на одделението за образование во општина Струмица. По полагањето на свежо цвеќе пред спомен бистата на Даме Груев, во чест на празникот беше изведена богата програма.