Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата со активност за безбедност на учесниците во сообраќајот

Во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од општина Струмица и Секторот за сообраќај при СВР Струмица, во соработка со учениците од сообраќајната секција при општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, се реализираше сообраќајно-едукативна акција за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

На возачите и пешаците им беа поделени флаери со пораките „Вози одговорно! Животот е во твоите раце“, „Младост без лудост“, „Шампионите возат одговорно“, а некои учесници добија и црвен картон, со едукативна содржина. Акцијата е дел од кампањата на Републичкиот совет за БСП, насловена „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“.Оваа активност се вклопува во координација и корелација со акциониот план на сообраќајната секција при општинското основно училиште „Маршал Тито“, која е составена со ученици од мешан етнички состав и работи во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка со општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци.