Новогодишна програма на ООУ ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

Учениците од првите одделенија при општинското основно училиште „Видое Подгорец“, а по повод Новогодишно – божиќните празници подготвија богати програми преку кои покрај тоа што го покажаа својот талент и своето знаење, исто така низ истите на своите најблиски им ги честитаа Новогодишните и Божиќните празници и гласно го поканија Дедо Мраз да им дојде на гости и да им донесе многу подароци и да им ги исполни сите нивни детски желби, а ги имаа навистина многу. Дедо Мраз ја слушна нивната покана и пристигна во истиот час, а радоста и среќата на нивните детски лица беше неизмерна.