Советот на општина Струмица го усвои буџетот на Општината за 2018 година

Буџетот на општина Струмица за 2018 година тежи 1.208. 190. 913 денари. Тој беше усвоен на денешната петта седница на Советот. Според градоначалникот Коста Јаневски, тој е развоен и креиран заедно со граѓаните кој обезбедува успешен развој на Општината во 2018 година.