Се гради водоводната линија за потребите на прочистителната станица и индустриската зона – Сачево

Деновиве работна група од ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги започна градежните активности за изградба на водоводна линија, наменета за потребите на прочистителната станица која треба да биде изградена во наредниот период како и за индустриската зона – Сачево.

Според зборовите на раководителот на работната единица „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Стојан Ефтимов, станува збор за водоводна линија во должина од 800 метри, чија изградба треба да заврши во рок од две седмици. Вредноста на овој значаен зафат изнесува 2.132.000 денари, наменски средства од Буџетот на општина Струмица.