„Комуналец“ почна да го уредува дворот на домот на АРМ

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со уредувањето на дворот на домот на АРМ. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“, со ова уредување ќе биде опфатена вкупна површина од 11 илјади метри квадратни.Ќе бидат поставени патеки на површина од 500 метри квадратни со цветни острови, на истите ќе бидат ставени 20 клупи и исто толку корпи за отпадоци и канделабри.

Во моментот се поставува нова водоводна мрежа бидејќи поранешната водоводна мрежа која што ја имаше во дворот е стара и не функционира, рече Гудева.Покрај поставувањето на  урбана опрема, на  овој простор ќе се изврши и соодветно хортикултурно уредување.