Продолжи санирањето на ударните дупки на неколку улици во градот

Продолжи санирањето на ударните дупки на улиците во градот. Согласно програмата за патишта и улици за 2015 година, денеска, се работеше на крстосницата на улицата „Климент Охридски“ и патот кој што води кон населеното место Градско Балдовци.

Според најавите од одделението за комунални работи во текот на денешниот ден ќе бидат санирани и дупките на улиците „Крушевска Република“, „Димитар Влахов“, „Ванчо Китанов“ и околу кружниот тек на улицата „22 декември“.