„Комуналец“ врши замена на јавните чешми во градот

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со замена на јавните чешми во градот кои поради вандалското однесување не беа целосно во функција на граѓаните. Стојан Ефтимоф, раководител на единицата

„Водовод и каналзација“ при „Комуналец“ денеска информираше дека сите јавни чешми во градот ќе бидат ставени во функција и апелираше до граѓаните да престанат со вандалското однесување кон нив.Во изминатиот период направивме целосна реконструкција на водоводната и канализационата инсталација и поставивме нова јавна чешма на истото место. Сакаме да ја известиме јавноста дека во изминатиот, но и во периодот кој што следува ЈПКД „Комуналец“ ќе изврши замена на уште 6 јавни чешми и реконструкција на постоечките 4 јавни чешми. Во градот Струмица постојат вкупно 11 јавни чешми кои им служат на граѓаните за пиење вода, а ние, како јавно претпријатие постојано сме изложени на постојани замени и реконструкции на овие јавни чешми, два до три пати во годината интервенираме во санирање на последиците од вандализмот врз тие чешми и овој период го користиме за целосна замена на тие 6 јавни чешми. Овие чешми беа поставени во изминатите пет години и со тие вандализми кои што се случуваа, имавме целосно оштетување на шест такви чешми кои што не можеа да се поправат и затоа ќе бидат целосно заменети. Во оваа прилика, упатуваме еден апел до граѓаните да се воздржат од такво вандалско однесување заради тоа што напорот кој што го вложува Јавното претпријатие за нормално функционирање на овие јавни чешми е огромен, а се прави и голема штета која што ја чувствуваат и граѓаните заради тоа што тие чешми не можат да бидат во функција, а граѓаните постојано бараат од нас тие да функционираат. Ние и понатаму ќе се трудиме да ги одржуваме со цел да им служат на граѓаните, рече Ефтимов.