Струмичкото поле ги отвори вратите за велосипедска прошетка за запознавање со културните знаменитости

На 13 септември ќе се одржи велосипедска прошетка „Културното наследство низ Струмичкото поле“, а во организација на Одржливи иницијативи – Скопје и ВК Актив – Струмица, а во партнерство со општина Струмица. Оваа велосипедска прошетка има за цел да го промовира велосипедизмот како семејна активност и затоа подготвени се две рути, една рамна за секој кој сака да учествува, па дури и со градски велосипед и една висока рута за велосипедистите кои сакаат предизвик.

Овозможувајќи има на учесниците да се запознаат со културните знаменитости низ Струмичкото Поле, меѓу кои: гробот на Струма, манастирите во Водоча, Вељуса и во Ангелци, прошетката добива и образовен карактер, а за пренесување на приказните ќе се погрижат локалните кустоси.Велосипедизмот и добрата храна одат рака под рака, па така и оваа велосипедска прошетка низ Струмичкото Поле ќе биде и прошетка со дел од локалните специјалитети. Учесниците ќе имаат можност од почетокот до  крајот на прошетката по нешто да пробуваат и да си ја надополнат силата за возење велосипед.„Струмичкото Поле е познато по земјоделските производи и би било штета да имаме гости, а да не пробаат нешто од нашите специјалитети. Сметаме дека Струмица е прекрасна велосипедска дестинација која нуди и лесни рути и рути со предизвик за љубителите на велосипедизмот. А велосипедската прошетка по ручекот се познава и Струмица има што да понуди“, вели Димитар Манишев, претседател на Велосипедскиот клуб Актив од СтрумицаНастанот предизвика интерес и во соседните земји. Веќе има потврдено учесници од Србија и Бугарија. Екипата од Бугарија со велосипед ќе дојде до Струмица за да учествува во Велосипедската прошетка.Пријавувањето е во тек. Повеќе информации може да се добијат на велосипедскиот портал www.mk.to4ak.com, или преку е-пошта strumickopole@inicijativi.org.mk.