Градоначалникот Заев им ја честиташе Новата година на децата со аутизам

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, престојуваше во паралелките за образование на деца со аутизам при основното општинско училиште „Сандо Масев“. Ова е традиционална средба која секоја година се одржува пред новогодишните празници, а на која градоначалникот Заев покрај континуираната помош, лично им ја честита Новата година посакувјќи им и на децата се најубаво во истата.Оваа година ја завршуваме успешно во соработка со вработените од центарот за аутизам, со дечињата и нивните родители, а намерата е да продолжиме да ги унапредуваме делот на образовниот процес и секојдневието на децата.