Новогодишни пакетчиња за децата на болничко лекување во струмичката болница

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, денеска, уште еднаш ја потврдија  својата општествена одговорност и грижа за најмладите иако тоа го прават континуирано во сите изминати години. По повод новогодишно – божиќните празници, им беа поделени новогодишни пакетчиња на децата кои што се на болничко лекување во детското одделение во јавната здравствена установа „Општа болница“ во Струмица.