Одлука за определување на места за истакнување изборни плакати за Претседателските избори – 2014 и Предвремените Парламентарни избори – 2014, во Општина Струмица

Врз основа на член 78 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13 и 14/14) и член 20 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на општина Струмица“ бр. 4/03 и 2/06), Советот на општина Струмица, на седницата одржана на 14.03.2014 година, донесе

Одлука
за определување на места за истакнување изборни плакати за Претседателските избори – 2014 и Предвремените Парламентарни избори – 2014, во Општина Струмица

Член 1
За истакнување изборни плакати за Претседателските избори – 2014 и Предвремените Парламентарни избори – 2014, во Општина Струмица, се  определуваат следните места:

–    На  ул. “Балканска” (покрај оградата на  стара автобуска станица);
–    На ул. „Ленинова” на просторот од Дом на пензионерите до трафиката  на раскрсницата со ул. „Цветан Димов”.
–    На ул. „Климент Охридски” од пресекот со ул. „Братство Единство”  до  зградата на новата автобуска станица”.

Член 2
Местата од член 1 на оваа Одлука, за секој подносител на листите на кандитати ќе бидат посебно одбележани.

Член 3
Изборни плакати во населените места можат да се поставуваат на објектите во сопственост на Општина Струмица

Член 4
Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени и други приватни објекти со предходна согласност од сопственикот на објектот.

Член 5
Не е дозволено истакнување на изборни плакати од кампањата  на објекти, каде што се наоѓа гласачкото место, или просторијата каде што се спроведува гласањето.

Член 6
Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на општина Струмица”

Бр. 07-1821/1                                                                                                                                                       Совет на општина Струмица
17.03.2014 год.                                                                                                                                                              Претседател,
С т р у м и ц а                                                                                                                                                           Марјан Даскаловски