ТППЕ – Струмица подготвена за евентуални и други видови пожари

Високите летни температури и некои од активностите на граѓаните кои го одбележуваат овој период од годината, претставуваат потенцијална опасност за појава на шумски и други видови пожари.

Според командирот на ТППЕ-Струмица Мијалче Крстев, струмичките пожарникари досега имале помал број интервенции во споредба со минатите години, но единицата е подготвена успешно да се справи со нови евентуални пожари.