Почна планинарскиот марш по повод 1000 години од битката на Беласица

Денеска почна планинарскиот марш од селото Колешино до селото Водоча, а по повод одбележувањето на 1000 години од битката на Беласица. Во маршот што го организираат општина Струмица и ПАОК „Ентузијаст“ учествуваат членови на поголем број планинарски друштва. На планинарите утре ќе им се придружат и граѓаните, љубители на пешачењето, за нив стартот е од „Ловен дом“ во Струмица во 10 часот. Сите заедно, планинарите и граѓаните, утре, во попладневните часови ќе пристигнат во селото Водоча. Таму, ќе ги поздрави градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој  на планинарските друштва ќе им врачи благодарници за учество во маршот.