Градоначалникот Зоран Заев:Се гордееме со струмичкиот карневал

По повод 20 годишнината од приемот на Струмица во Европската федерација на карневалски градови, градоначалникот Зоран Заев, синоќа во зградата на локалната самоуправа, приреди прием за гостите од карневалските градови на 14 држави во светот, кои во Струмица го одбележуваат 34-от роденден на оваа најголема светска карневалска асоцијација. По приемот, сите заедно заминаа во центарот за култура „Антон Панов“, каде што пред поголем број присутни, карневалски групи, поддржувачи и почитувачи на струмичкиот карневал, градоначалникот Заев ја отвори изложбата насловена „За 20 години во FECC помеѓу 20 топ улични карневали во светот“.