Се вршат последните зафати за оградување на помошното игралиште на стадионот „Младост“

На помошното игралиште на стадионот „Младост“ во Струмица, течат градежните активности кои треба да го претворат во модерен фудбалски терен. По изведувањето на дренажниот систем и насипувањето со шљунковиден материјал, моментално се копаат темелните стопи и истите ќе се бетонираат.

По ова следува поставувањето на  анкер плочи и заварување на столбовите за мрежата со која ќе биде оградено игралиштето.Со овој градежен зафат, помошното игралиште ќе прерасне во прекрасен модерен терен со вештачка трева. Овој проект чини 430 илјади евра, од кои 330 илјади евра се од буџетот на општина Струмица, а 100 илјади евра е донацијата за вештачката трева од УЕФА.