Големите поплави на дневен ред на Советот на општина Струмица
Големите поплави во општина Струмица и последиците што тие ги предизвикаа беа тема и на денешната 66 седница на Советот на општина Струмица. Кирил Парталов, секретар на општината и командант на кризниот штаб ги информираше членовите на Советот за севкупната состојба со поплавите и големите последици што тие ги предизвикаа кај домаќинствата, стопанските објекти и обработливите површини.