Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Мај 2017

Одржана седница на советот на Општина Струмица - симулација

Во организација на Здружението за локална демократија – Центар на заедницата на општина Струмица, денес во салата на Советот на општина Струмица, се одржа симулација на седница на Советот на општина Струмица, во која учество зедоа ученици од втора и трета година од четирите струмички средни училишта. На овој настан свои поздравни обраќања имаа, доскорешниот в.д. градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и доскорешниот претседател на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

Реакција за лажните објави на социјалните мрежи и некои портали за поројните дождови што ја зафатија Струмица

Деновиве на социјалните мрежи, од страна на неколку портали, познати по своето тенденциозно и пропагандистичко информирање, но и на некои други, досега непознати за пошироката јавност, беа објавени текстови и фотографии поврзани со поројните дождови што ја зафатија Струмица. Таквите објави се се друго, само не одраз на вистината за невремето и последиците од него, и истите ги поминуваат сите можни граници за некакво „објективно“ информирање.

Ефтимов: Ободниот канал си ја заврши функцијата и го спречи поплавувањето во долниот дел на градот

По вчерашното невреме кое што ја зафати општина Струмица, а по кое веднаш интервенираа екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица, состојбата е нормализирана и под контрола. Стојан Ефтимов раководител на единицата „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“, денеска, информираше дека веднаш по силниот дожд екипите на претпријатието излегоа на терен да ја видат состојбата и да интервенираат каде што имало потреба од тоа.

Состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот функционира непречено

По обилните дождови кои го зафатија нашиот град во текот на изминатото деноноќие, состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот работи непречено. Обилни дождови кои достигнаа до 71 литар на метар квадратен воден талог според УХМР, предизвикаа количината на вода од централното градско подрачје да се собере на најниската точка, а тоа е подземниот паркинг. Од јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираа дека заради квалитетно изведената атмосферска канализација и активноста на трите водени пумпи во подземниот паркинг кои непречено работеа и ја прифатија целокупната количина на вода, ситуацијата во паркингот се врати во нормала за помалку од еден час.

Се одржа традиционалниот натпревар во пинг - понг за ученици од основните и средните училишта

По повод  Денот на македонските просветители  Светите Кирил и Методиј  и 25 Мај  - патрон на основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, по шести пат се одржа отворен турнир во пинг – понг. На турнирот учествуваа ученици од   основните  и средни училишта  од општина Струмица, а најдобри резултати постигнаа следните ученици:Во категорија средни училишта  прво место освои ученикот Далистан Мустафов од  СОУ „Никола Карев“, второ  место освои ученикот Христијан Митев од СОУ „Димитар Влахов“ и трето место освои Филип Митев од СОУ „Никола Карев“.

Граѓаните кои имаат проблем од невремето да се јават во „Комуналец“ и во „Систем 48“

Општина Струмица ги известува граѓаните и правните лица кои имаат проблеми од невремето што ја зафати попладнево Општината и имаат потреба од помош, да се јават на следните телефонски броеви: 034 325 909 на ЈПКД „Комуналец“ и на 076 48 48 48 на „Систем 48“.

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ веќе се на терен и работат на отстранување на последиците од невремето.

Страница 1 од 9

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544