Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јуни 2017

Во првото запишување во трите средни училишта се запишале вкупно 657 ученици

Во трите средни општински училишта во првото пријавување од јунскиот уписен рок во новата учебна 2017/2018 година се запишале вкупно 657 ученици. Од нив 236 се запишале во СОУ „Јане Сандански“ и тоа 167 во гимназиското и 69 ученици во економското образование. Во СОУ „Димитар Влахов“ се запишале 203 ученици, 198 во стручното четиригодишно образование и 5 во стручното тригодишно образование. Во СОУ „Никола Карев“ се запишале 218 ученици од кои 187 стручното четиригодишно образование и 31 во стручното тригодишно образование. По првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок во трите средни училишта останати се вкупно 615 слободни места. Второто пријавување ќе се врши на 5 јули.


Вечерва завршува интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Со седум наградени кратки филмови од Оберхаузен, вечерва, завршува тринаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според петдневната фестивалска програма, синоќа на големата сцена на центарот за култура „Антон Панов“ беа доделени наградите на најдобрите филмови во компетиција.

„Комуналец“ го чисти каналот „Крушевска Република“

Екипи на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве отпочнаа со чистење на каналот „Крушевска Реублика“ на потегот од мостот на улицата „Климент Охридски“ до сливот во реката Тркања. Според информациите од Стојан Ефтимов, раководител на единицата „Водовод и канализација“, истовремено се чистат и наносите од материјал долж сливот на каналот „Крушевска Република“ во реката Тркања.

Во првиот ден од јунскиот уписен рок во трите средни училишта се пријавиле 751 ученика

Во трите училишта за средно образование во општина Струмица, во првиот ден од првото пријавување во јунскиот уписен рок за новата 2017/2018 година, пријави поднеле 751 ученик. Најголем интерес покажале за здравствената струка-медицинска сестра, каде за 34 понудени места, конкурирале 82 ученика со завршено основно образование.

Се реализира проектот „Инклузивна, креативна-супер ефективна училница“ поддржан од општина Струмица

Здружението за образовно-едукативни цели ДМ ЛЕНГУИЏЕС како дел од проектот „Инклузивна, креативна-супер ефективна училница“ одржа обука на тема „Како  до  поинклузивна училница“ -  кој се реализира со средства од општина Струмица преку Програмата за поддршка на НВО секторот за 2017 година.На обуката учествуваа професори и дефектолози од средните и основните училишта од општина Струмица.

Од утре започнуваат уписите во средните училишта за учебната 2017/2018 година

Од утре започнуваат уписите во прва година во средните училишта во учебната 2017/2018 година. Во трите средни општински училишта предложен е опфат на 1.316 ученици во 39 паралелки со понудено гимназиско образование, но и стручно образование за 18 струки и 28 профили.

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544