Се реализира проектот „Инклузивна, креативна-супер ефективна училница“ поддржан од општина Струмица

Здружението за образовно-едукативни цели ДМ ЛЕНГУИЏЕС како дел од проектот „Инклузивна, креативна-супер ефективна училница“ одржа обука на тема „Како  до  поинклузивна училница“ –  кој се реализира со средства од општина Струмица преку Програмата за поддршка на НВО секторот за 2017 година.На обуката учествуваа професори и дефектолози од средните и основните училишта од општина Струмица.

 На истата беа презентерирани техники за работа за поинклузивна училница, а во вториот дел сите учесници се соочија со дадена специфична ситуација во која е потребна инклузија на учениците со посебни потреби и од нив беше побарано да изнајдат решение за тоа успешно да се направи. Секој тим составен од по неколку учесници претстави прекрасни и креативни, но пред се изводливи решенија кои можат да се применат во секакви услови. Сите тие ќе влезат во прирачникот за наставници кои работат во инклузивна училница, а истиот ќе биде промовиран во август.