Вечерва завршува интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Со седум наградени кратки филмови од Оберхаузен, вечерва, завршува тринаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според петдневната фестивалска програма, синоќа на големата сцена на центарот за култура „Антон Панов“ беа доделени наградите на најдобрите филмови во компетиција.

-Златна потковица за документарецот „Виолината на Џо“ на Кахане Куперман од САД

-Сребрена потковица за документарецот „Жени“ на Анастасија Кузјакова од Русија

-Бронзена потковица за краткиот игран филм „Посетителите“ на Тео Пападулакис од Грција

-Старозлатен проектор за краткиот игран филм „Одот на пијаницата“ на Пол Арменгол од Шпанија

-Авторска награда „Ацо Алексов“ за документарецот „Лица“ на Ханис Багашов од Македонија

-Награда „Ѓорги Абаџиев“ за најдобро сценарио за краткиот игран филм „Пеј“ на Кристоф Деак од Унгарија

-Најдобар краток игран филм за „Живее“ ма Елена Пискарева од Русија

-Најдобар анимиран филм на „Авионот“ на Хесус Мартинез Нота од Шпанија

-Специјална диплома од жирито на документарецот „Неред“ на Иља Желтјаков од Русија

-Специјална диплома од жирито на краткиот игран филм „Интермецо“ на Душан Зориќ од Србија

-Специјална награда од жирито на анимираниот филм „Шетачот“ на Тибалт Шолет од Франција.

За наградите одлучуваше жири комисија составена од Срѓан Финк (Холандија), Наталја Алтхаузер (Германија) и Елена Мелончели (Италија).

Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ има континуирана поддршка од општина Струмица.