По повод денешниот Светски ден на театарот градоначалникот Зоран Заев упати честитка до театарските работници од Општина Струмица

Во честитката се вели: „Почитувани театарски работници, денес имате убава причина да ја чествувате Божицата Талија.Денешниот Светски ден на театарот востановен пред 55 години, уште еднаш ви дава до знаење колку е значајна уметноста која е предмет на Вашиот професионален интерес и ангажман.Потврда за тоа значење ви даваат и рускиот режисер Анатолиј Василев во Светската порака по повод овој ден, како и нашиот режисер Бранко Ставрев во својата македонска порака.Бидете горди на Вашата професија и ширете ја вонвременската мисија на театарската уметност.

Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на театарот”.