Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Јули 2017

СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2017

Flyer back 1

Градоначалникот Костадинов и министерот Дураки потпишаа договори за реализација на три проекти од областа на животната средина

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска, потпишаа договори за доделување на финансиски средства за три проекти од областа на животната средина. Договорите се потпишаа во кабинетот на министерот Дураки, а средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

Општина Струмица и Банката за храна на Македонија ја продолжија соработката која што започна во 2012 година

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, оствари средба со Душко Христов извршен директор на Банка за храна на Македонија и претставници на Организацијата на жени на Струмица– партнер организација на Банката. Општината и Банката зад себе имаат петгодишна успешна соработка, која што денеска беше продолжена со потпишување на нов договор за соработка во следните три години. На оваа средба разговаравме за досегашната, но и за идната наша соработка.

 

Се уништува тревата во поројот „Крушевска Република“

DSC 6018

Како и секоја претходна, така и оваа година, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ги чисти пороите во градот. По комплетното собирање на разновидниот отпад и детално чистење на поројот „Крушевска Република“, денеска, денеска се вршеше прскање на истиот со препарат против сите видови треви и корови.

Во недела ќе се изврши авионско прскање против комарци

На ден 30.07.2017 година (недела), се планира да се изврши авио-третирање против комарци во раните утрински часови во периодот од 04:30 до 9:30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото, ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Општина Струмица ја одбележа 5-годишнината од големиот пожар кај месноста „Двата пата“

Пред спомен обележјето што општина Струмица го подигна во чест на четворицата храбри граѓани кои животите ги загубија во борбата со огнената стихија, беше одбележана 5-годишнината од големиот пожар во близина на месноста „Двата пата“.

 

Страница 1 од 5

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544