Костадинов присуствуваше на промоцијата на книгата „Мојот професор, пророк“ од Вера Стојчевска – Антиќ

Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ се одржа промоција на книгата „Мојот професор, пророк“ од професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, посветена на великанот на македонската научна мисла и литература, Блаже Конески. Овој убав културен настан се реализираше со поддршка на општина Струмица, а на истиот присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.