Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Август 2017

Потпишан Меморандум за соработка меѓу општина Струмица и Здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Собранието на здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, Мими Николиќ, денеска, потпишаа Меморандум за поддршка и соработка помеѓу општина Струмица и здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА.

Обновени се „легнатите полицајци“ на две локации во градот

Пред почетокот на новата учебна година, на две локации во градот се изврши обновување на вештачките издадености на коловозот, популарно наречени „легнати полицајци“. Вакво обновување е извршено на улицата „Моша Пијаде“ пред основното општинско училиште „Сандо Масев“ и пред средното општинско училиште „Јане Сандански“ и на улицата „Маршал Тито“ пред средното општинско училиште „Никола Карев“. Целта на обновувањето е зголемување на безбедноста на учениците од овие училишта.

Заврши пријавувањето и запишувањето во августовскиот уписен рок во трите средни општински училишта, слободни уште 406 места

 Во трите средни општински училишта во Струмица заврши пријавувањето и запишувањето на учениците во прва година за учебната 2017/2018 година во августовскиот уписен рок. Според официјалните податоци добиени од училиштата, во августовскиот рок се запишани 94 ученика, кои ги исполниле критериумите согласно објавениот конкурс. Во СОУУД „Димитар Влахов“, се запишале вкупно 6 ученици, а останати се 136 слободни места во сите струки освен за здравствената струка која што е пополнета. Во тригодишното образование има 61 слободно место, а во четиригодишното има 75 слободни места. 

Советот на општина Струмица ја одржа 56-та седница

 На 56-та седница на Советот на општина Струмица, која што се одржа денеска, беше констатиран престанок на мандатот на членот на Советот, Борче Хаџиев, поради неговото именување за в.д директор на Фондот за осигурување на депозити. Советниците дадоа зелено светло и на предлог одлуката за определување места за истакнување изборни плакати за претстојните локални избори, на барањето за прифаќање на поголем број деца во клоновите на градинката „Детска радост“ и донесоа одлуки со кои им се овозможува на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти.

Костадинов: Портите на Струмица секогаш се отворени за добредојде на спортистите

 Вчера и денеска, Струмица беше домаќин на меѓународниот турнир во женски фудбал со поддршка на Општината, а кој што се одржува во рамките на подготовките на претстојната фудбалска сезона во Струмица. На турнирот учествуваа женските фудбалски клубови Црвена Звезда - Белград и Машинац - Ниш од Република Србија, Елпидес- Кардитса од Република Грција и Тиверија -Струмица од Република Македонија, а натпреварите се играа на игралиштето со вештачка трева.

Издавање на Б - интегрирана еколошка дозвола за заштита на Животната средина на ДГ ,,БОНИ-ИНТЕРГРАДБА“ ДОО Струмица

Градоначалникот на Општина Струмица : ОБЈАВУВА:

Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола за заштита на животната средина на ДГ ,,БОНИ-ИНТЕРГРАДБА“ ДОО Струмица,    

        Погон за производство на бетон во стационарна бетонска база и сепарирање  на природен песок за работа на бетонската база.

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544