Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Септември 2017

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16) и член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), вршителот на должноста Градоначалник на општина Струмица, распишува

Известување

Согласно член 32 став 4 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Објавувам дека на 57-та седница на Советот на општина Струмица што се одржа на 27.09.2017 година, на дневен ред беше и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2017 година. Истиот не беше усвоен од страна на Советот на општина Струмица од причина што при гласањето кварталниот извештај не го доби потребното мнозинство од страна на членовите на Советот на општина Струмица, односно 11 членови на Советот гласаа „за“ и 11 членови гласаа „воздржано“.

Со почит,

Совет на општина Струмица

Претседател, Јосиф Христов

ПРЕС РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ

Од ВМРО ДПМНЕ ништо ново. Уште на вториот ден од кампањата за Локалните избори, оваа партија се обидува со стари и истрошени „финти“ да ја замајува струмичката јавност. Носителот на листата од редовите на ОК на ВМРО ДПМНЕ, денес истакна дека Општината не реализирала многу ветени проекти, а спомна само четири. Вистината вели дека ветената сообраќајница во близина на градскиот парк,  не е ставена на одлучување пред Советот на општина Струмица, по барање на граѓаните кои живеат во тој дел на градот.

 

Костадинов:Користењето велосипед и пешачењето нека бидат наше секојдневие

Во организација на општина Струмица, еколошкото друштво „Планетум“ и велосипедскиот клуб „Актив“ од Струмица, а во рамките на Европската недела на мобилност, која се одржува и одбележува насекаде низ светот, денеска, беше одбележан 22 септември – Светскиот ден без автомобили. На велосипедистите кои се собраа на градскиот плоштад, со својот велосипед, им се придружи и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Бизнис можности и потенцијали на Општина Струмица

Општина Струмица го поддржува новиот тренд на одржлив развој ,преку поддршка на малите и средна претпријатија и идентификување на можностите и потенцијалите за инвестирање во регионот. Одделението за Меѓународна соработка и Европски фондови, во рамки на спроведување на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К, посветено работи на унапредување на овие процеси преку различни активности, а една од нив е промотивното видео посветено на „Бизнис можностите и потенцијали на општина Струмица. Во фаза на изработка е „Водич за бизнис можности и потенцијали за инвестирање во општина Струмица, како и „Каталог на извозно ориентирани претпријатија. Преку овие активности, општината се труди да го скрене вниманието на инвестициската јавност кон себе и да се промовира како интересна бизнис дестинација.

 

 

 

 

Се бетонираа улици во градот и населеното место Попчево

Општина Струмица и денеска продолжи со планираните градежни активности. Во населеното место Попчево извршено е бетонирање на една улица и бетонирани се џеб на улицата „Пиринска“ и џеб на улицата „Димитар Влахов“ во градот. Во наредните денови ќе се продолжи со планираните актовности согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Струмица за 2017 година.

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544