Гостите од Електростаљ одржаа концерт пред струмичката публика

Во рамките на престојот во општина Струмица, членови на делегацијата, вокални солистки од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, синоќа, во летниот амфитеатар во градскиот парк, одржаа концерт за граѓаните на Струмица. Концертот на гостите се одржа по повод Денот на ослободувањето на Електростаљ од фашистичките окупатори. Струмичката публика уживаше во настапот на руските солистки и нивниот репертоар на песни. Инаку, во рамките на неколкудневниот престој, претставниците на Електростаљ и на општина Струмица, реализираа повеќе средби и активности, со што уште повеќе ја зацврстија соработката воспоставена во 2013 година.