Се асфалтираа улици во Муртино и Вељуса

Привршува реализацијата на првата фаза од асфалтирањето на улиците во населените места, согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2017 година на општина Струмица. Вчера се асфалтираше во населеното место Муртино, а денеска асфалт се стави на улица во Вељуса. Во досегашната реализација на овој градежен зафат, финансиран од општинскиот буџет, асфалтирани се улици во населените места Куклиш, Градско Балдовци, Добрејци, Дабиле, а наредните денови ќе се асфалтира и во Габрово, Попчево, Рич и Костурино.