„Европска недела на мобилност„ 16-22 септември 2017 на тема “Споделувањето те движи напред”

Ни претставува особена чест да Ве поканиме да земете учество и бидете дел од настанот „Европска недела на мобилност“16-22 септември 2017 на тема “Споделувањето те движи напред

Настанот го организира  O. Струмица, ЕД Планетум и ВК Актив од Струмица, како дел Европска недела на мобилност ,која се оддржува и одбележува насекаде низ светот и повод светски ден без автомобили 22ри Септември(петок).

 

Ќе ни биде задоволсто ако ни се придружите и заеднички  приодонесеме за подигање на свеста за користење на велосипеди и повеќе пешачење.

Настанот ќе се одржи на 22.09.2016 год.( петок ) во 10:00 часот , плоштад Гоце Делчев Струмица.

10:00 -10:30ч Дефиле на велосипеди и марш (Тргнување од п.„Гоце Делчев„, -бул.Маршал Тито- -поминување низ главната пошта , вртење низ кружен тек кај ЕВН  Струмица- Стара чаршија и завршување на плоштад.

За дополнителни  информации може да се обратите на Томислав Андреев , одд.за заштита на животната средина о.Струмица, моб 075 395 914; маил: tomislav.andreev@strumica.gov.mk

Секоја  направена  акција во намалувањето на последиците од климатските промени може да направи голема промена!