Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Вести - Октомври 2017

Градоначалникот Јаневски ги започна Собирите со граѓаните по месните и урбаните заедници

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ги започна Собирите со граѓаните по месните и урбаните заедници преку кои ќе се креира буџетот на Општината за 2018 година. Заедно со претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, Зоран Горѓиев, директорот на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, Верица Узунова и претставници на општинската администрација, синоќа, присуствуваше на Собирите во населените места Градско Балдовци и Куклиш.

Директори на училишта од Струмица учествуваа на регионална конференција во Словенија

Директори на училишта од општина Струмица учествуваа на четвртата регионална конференција на директори од југоисточна Европа која што се одржа во Љубљана, Словенија. Конференцијата ја отвори министерката за образование д-р Маја Маковец Бренчич, а директорите имаа прием кај градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанкович. На конференцијата беа разменети искуства и одржани предавања на повеќе теми со единствена цел зголемување на квалитетот во работата на директорите, а со тоа и на воспитно – образовниот процес во училиштата.

 

Градоначалникот Јаневски заедно со граѓаните ќе го прави буџетот на општина Струмица за 2018 година

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, ги повика граѓаните на општина Струмица масовно и активно да се вклучат во собирите во месните и урбаните заедници и заедно да ги утврдат приоритетите за буџетската 2018 година. Собирите започнуваат вечерва во населените места Градско Балдовци и Куклиш и ќе траат до 13 ноември. Во предизборната кампања како кандидат за градоначалник, ви ветив дека ќе го слушам вашиот глас, вашите предлози и идеи и дека сакам заедно да ја градиме и развиваме општина Струмица. Ќе работиме транспарентно и одговорно и строго наменски ќе ги трошиме буџетските пари. Денеска, како градоначалник на општина Струмица, ве повикувам заедно да ги утврдиме приоритетите за буџетската 2018 година. Ве повикувам активно да се вклучите во креирањето на буџетот преку собирите во месните и урбаните заедници, рече Јаневски.

Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ освои бронзен медал на Иранската геометричка олимпијада

Димитар Џорлев ученик во деветто одделение од основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица под менторство на наставничката по математика Натка Гарванлиева освои бронзен медал во категоријата до 15 години на Иранската геометриска олимпијада. Наградите на најдобрите им беа врачени деновиве, а олимпијадата се одржа во септември во Скопје на Факултетот за електротехника и информатички технологии паралелно со 44 земји од целиот свет.

Решение за свикување на втората седница на Советот на општина Струмица

СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

Бр. 08 - 6625 /1,  26.10.2017 год. , С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Претседателот на Советот Даскаловски ја отвори првата ревијална изложба на кучиња

Во организација на Кинолошкото друштво „Астрион Канин“, а под покровителство на општина Струмица и Кинолошкиот сојуз на Македонија, во големиот градски парк се одржа првата ревијална изложба на сите раси на кучиња. Изложбата ја отвори претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски.

 

Страница 1 од 6

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544