Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општинска администрација

Сектор за правни, административни, општи работи и јавни дејности

Секторот за правни, административни, општи работи и јавни дејности ги врши следните работи:
- подготвува акти за Советот и Градоначалникот,
- ги подготвува седниците на Советот и седниците на неговите работни тела,
- врши стручни работи за Советот и Градоначалникот,
- ракува со документите на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање на Државниот архив на РМ,
- ја следи состојбата во јавните дејности и дава предлози и мислења за унапредување на состојбите во истите,
- ја организира работата во образованието,
- соработува со урбаните и месните заедници од опшината,
- организира непосреден контакт на граѓаните со органите на општината,
- се грижи за информирање на граѓаните за работите од надлежност на општината,
- дава информатичка поддршка за општинската администрација,
- ги спроведува целокупните постапки за јавни набавки од секаков облик,
- врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител: , тел.034 348030

Одделението за правни и општи работи, ги врши работите што се однесуваат на:
- изготвување на одлуки и други општи и поединечни акти од надлежност на Советот и Градоначалникот,
- дава мислења на актите од аспект на нивната законитост,
- ги следи прописите и нивните измени и дополнувања,
- врши стручни и организациони работи за Советот и градоначалникот,
- ракува со документите на општината,
- врши одржување и унапредување на информатичко- комуникациските системи на општината,
- го изготвува службеното гласило на општината,
- работи и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.

Раководител: Јорданка Заева, Тел. 034/348-030

Одделението за административна поддршка на Градоначалникот, ги врши работите што се однесуваат на:
- ги следи Законите и другите прописи од надлежност на општината, а посебно од надлежност на Градоначалникот,
- го планира и организира работниот протокол на Градоначалникот и се грижи за негово извршување,
- изготвува известувања за јавноста за работи од надлежност на Градоначалникот,
- врши и други работи доверени од Градоначалникот.

Раководител: Верица Узунова, Тел. 034/348-030

Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа, ги врши работите што се однесуваат на:
- врши непосреден контакт со граѓаните и облиците на месната самоуправа;
- дава усни правни совети на граѓаните и им помага и укажува на начинот на остварување на нивните права;
- дава информации на граѓаните за областите за кои е надлежна општината;
- го мери задоволството на граѓаните од работата на општинската администрација;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.

Раководител: Михаил Тимов, Тел. 034/348-030

Одделението за образование, ги врши работите што се однесуваат на:
- го организира воспитно- образовниот процес во општината, притоа спроведувајќи ги општинските образовни политики,
- изготвува анализи и препораки во врска со организацијата на училишниот систем во општината,
- соработува со училишното раководство и го поддржува реализирањето на дневните активности и функционирањето на воспитбо- образовниот процес,
- врши оценки и анализи на тековната поставеност на училишната мрежа и дава препораки за нејзина оптимизација,
- врши активности во насока на запишување на децата на училишна возраст во задолжително основно образование,
- дава информации на граѓаните за најразлични прашања од областа на образованието,
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот на општината или Градоначалникот, а се во врска со образованието.

Раководител: , 034 348030


Одделението за јавни дејности, ги врши работите што се однесуваат на:

ги следи, проучува и применува законите, прописите и општите акти кои се однесуваат на здравствената и социјалната заштита, заштитата на децата, културата, спортот, цивилната и противпожарната заштита и врши работи од овие области, за кои со закон е надлежна општината.
Раководител: ,тел.034 348-030

Одделението за јавни набавки ги врши следните работи:
- ја следи законската регулатива која се однесува на јавните набавки;
- подготвува годишен план за јавни набавки и води грижа за неговото спроведување;
- ги утврдува начинот на постапката на вршење на јавна набавка во зависност од видот и вредноста на набавката согласно Законот за јавните набавки;
- ја изготвува целокупната докумантација потребна за јавите набавки;
- ја следи работата на комисијата за јавни набавки и дава стручна и техничка помош;
- изготвува договори за јавните набавки и го следи нивното спроведување;
- предлага мерки и активности за спречување на јавни набавки надвор од годишниот план и средствата предвидени со Буџетот на општината;
- води регистар на јавните набавки;
- води регистар на добавувачи на општината;
- врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на Советот и Градоначалникот.

Раководител: Борис Димитријев, тел.034 348030

Сектор за урбанизам и комунални работи

Секторот за урбанизам и комунални работи извршува работи кои се однесуваат на:
- урбанистичкото планирање,
- издавање на одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со Закон,
- уредување на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
- обезбедување услови за снабдување со вода за пиење;
- одведување на отпадните и атмосферските води;
- организирање на јавниот локален превоз;
- локалните улици и патишта;
- сообраќајот и сообраќајната сигнализација; создавање услови за поставување на неопходната инфраструктура во населените места;
- ги врши работите на управување со градежното земјиште
- и други работи кои ќе бидат доверени од Советот и Градоначалникот.

Раководител на сектор: Стојан Динев  Тел. 034/323-477

Одделението за урбанизам ги врши следните работи:
- урбанистичко (урбано и рурално) планирање;
- учествува во постапката за изработка, донесување, изменување и дополнување на Генерален урбанистички план, детален урбанистички план, општ акт за условите за градба на објекти во населено место, урбанистички проекти и друга урбанистичка документација;
- покренува иницијатива за изработка, дополнување и изменување на урбанистичките планови;
- ја следи реализацијата на урбанистичките планови;
- изготвува програми за урбанистичко планирање и уредувањето на градежното земјиште;
- издава одобренија за градење на објекти од локално значење утврдени со закон;
- се грижи за уредувањето на просторот и уредувањето на градежното земјиште;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Софија Ристова Тел. 034/321-534

Одделението за комунални работи ги врши работите што се однесуваат на:
- снабдување со вода за пиење;
- испорака на технолошка вода;
- одведување и прочистување на отпадните води;
- јавното осветлување;
- одведување и третман на атмосверските води;
- уредување и организирање на јавниот локален превоз;
- обезбедување на услови за снабдување со природен гас и топлинска енергија;
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта и улици и други инфраструктурни објекти;
- регулирање на режимот на сообраќај;
- изградба и одржување на уличната сообраќајна сигнализација;
- изградба и одржување на јавниот простор за паркирање;
- изготвување на програма за регулација, одржување и користење на речните корита во урбаните делови;
- води евиденција на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Раководител: Тел. 034/321-534

Одделението за управување со градежно земјиште, ги врши работите што се однесуваат на:
- ги следи законските прописи и подзаконските акти кои се однесуваат на управувањето со градежното земјиште сопственост на Република Македонија;
- прима и разгледува барања за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, користење на градежно земјиште за коцесија и јавно приватно партнерство;
- подготвува договори за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија;
- разгледува и води постапка за посебни случаи на стекнување право на сопственост на градежно земјиште согласно со закон;
- води регистар на градежно земјиште кое е отуѓено и дадено под долготраен и краткотраен закуп;
- изготвува едногодишна програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште сопственост на Република Македонија;
- координира и најтесно соработува со Комисијата за спроведување на постапка за јавно наддавање за отуѓување и давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште;
- врши и други работи кои се однесуваат и ќе се стават во однос на располагањето и управувањето со градежното земјиште.

Раководител: Ристо Пецев, тел. 034 348030

Сектор за финансиски прашања

Секторот за финансиски прашања ги врши следните работи:

- ги следи и применува законските и подзаконските акти од областа на буџетското и материјално- финасиското работење;
- го контролира спроведувањето на финансиското управување и контрола;
- го следи прибирањето на приходите; го следи плаќањето на расходите;
- го подготвува стратешкиот план и буџетот за наредната година, како и предлогот за нивно изменување и дополнување;
- врши утврдување, наплата и евиденциј на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на општината;
- ја изготвува завршната сметка на буџетот;
- води евиденција на имотот на општината;
- ги следи извештаите за состојбите на сметките на општината;
- воспоставува и спроведува сметководство за општината и облиците на месната самоуправа;
- воспоставува ревизорска трага и спроведува контрола над истата;
- изготвува годишен финансиски извештај;
- спроведува ex- ante и ex- post финансиска контрола;
- го следи буџетското и финансиското извршување и известување;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител на секторБранко Палифров тел.034/348030

Одделението за буџетска координација ги врши работите што се однесуваат на: 

- го подготвува стратешкиот план и предлог- буџетот за наредната година, како и предлозите за измена и дополнување на истите;
- го координира процесот на финансиско управување и контрола и во координација со единицата за внатрешна ревизија дава упатства за спроведување на истиот;
- го подготвува годишнииот финансиски извештај;
- подготвува решенија за внатрешна распределба на вкупниот буџет;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.
Раководител: Евгенија Граматикова тел.034/348030

Одделението за буџетска контрола, ги врши работите што се однесуваат на:
- го следи целосното и навремено прибирање на приходите;
- го следи навременото плаќање на расходите;
- ја следи усогласеноста на извршување на буџетот во целост или за одделни буџетски ставки;
- ја следи ефективноста на буџетската контрола;
- врши проценка на ризикот на процесите на финансиското управување и контрола и изготвува мапа на процеси;
- го следи и контролира извршувањето на договорите за јавна набавка во сите сегменти;
- спроведува контрола на ревизорската трага;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Одделението за сметководство и плаќања ги врши следните работи:
- спроведува сметководтвено евидентирање за извршувањето на буџетот, основните средства, наплата на побарувањата и плаќањето на достасаните обврски;
- спроведува навремено, точно и целосно евидентирање на плаќањата;
- изготвува месечен финансиски извештај за реализација на извршување на буџетот согласно со внатрешната распределба на истиот;
- изготвува годишна сметка;
- изготвува и доставува до трезорот годишни, квартални и месечни финансиски планови за извршување на буџетот;
- спроведува ex- ante контрола;
- воспоставува ревизорска трага преку документирање на финансиските и други трансакции;
- врши сметководствени работи за облиците на месната самоуправа;
- изготвува налози за плаќања; врши пресметка и исплата на плати и благајничко работење;
- врши ажурирање на сопственоста на подвижниот и недвижниот имот на општината;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител: Тимо Комаров, тел.034/348030

Одделението за администрирање на приходи ги врши работите кои се однесуваат на:
- планирање и утврдување на приходите;
- евиденција на наплата- собирање на локалните даноци, такси и надоместоци на општината утврдени со закон;
- идентификација и регистрација на имотот на даночните обврзници;
- како и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот на општината.

Раководител: Душко Василев тел.034/348030

Сектор за локален економски развој и заштита на животната средина

Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина ги врши следните работи:
- ја води локалната економска политика преку планирање на локалниот економски развој со утврдување на развојни приоритети за општината,
- остварува меѓународна соработка со посебен акцент на проекти кои се финансираат од фондовите на Европската Унија и
- врши работи кои се однесуваат на заштита на животната средина преку изготвување на планови и програми и превземање на мерки за заштита согласно со закон.

Раководител на секторНикола Годев

Одделението за заштита на животната средина ги врши следните работи:

- врши оценка на влијанието на животната средина и природата;
- предлага мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот и земјиштето;

- предлага мерки за заштита од бучава и нејонизирачко зрачење;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.
Раководител: Ѓорги Димитриевски

Оделението за локален економски развој извршува работни задачи кои се однесуваат на:
- планирање на локалниот економски развој;
- утврдување на развојните и структурните приоритети;
- водење на локална економска политика;
- подршка на развојот на малите и средните претпријатија и на претприемаштвото на локално ниво;
- соработува со невладините организаци ;
- учествува во воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
- го подготвува претставувањето на општината на сите домашни и странски манифестации;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени од Советот и градоначалникот.

Раководител: Тони Милушев

Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, ги врши работите што се однесуваат на:
- подготвува воспоставување на меѓународна соработка на општината со меѓународни организации и институции и други општини од странство;
- ги следи понудите за финансирање на проекти од меѓународни фондови и донатори, подготвува проекти и аплицира за истите;
- подготвува протоколи за збратимување и продлабочување на соработката со други општини од странство;
- организира настани и дистрибуира информации поврзани со подготовка и спроведување на проекти што се финансираат од фондовите на Европската Унија;
- врши и други работи што ќе бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: Џоко Ристовски

Сектор за инспекциски работи

Секторот за инпекциски работи врши инспекциски надзор и контрола на примената на законите и други прописи и акти донесени врз основа на закон кои се однесуваат на општината; инпекциски надзор и контрола на примената на прописите и актите донесени од страна на органите на општината и превзема мерки за отстранување на сите неправилности при примена на истите, во согласност со закон.

Одделението за инспекциски работи во урбанизмот, комуналните работи, заштита на животната средина, патниот сообраќај и локалните патишта и улици врши инпекциски надзор и контрола на примената на Законите и другите прописи и акти донесени врз основа на закон, прописите и актите донесени од страна на органите на општината, а кои се однесуваат на урбанизмот, комуналиите, заштитата на животната средина патниот сообраќај и локалните патишта и улици.

Раководител: Ѓорги Бонев Тел. 034/348-030

Одделението за инспекциски работи во финансиите, образованието, спортот, угостителството, туризмот и други области во надлежност на општината врши инпекциски надзор и контрола на примената на Законите и другите прописи и акти донесени врз основа на закон, прописите и актите донесени од страна на органите на општината, а кои се однесуваат на организацијата на работата на основните и средните училишта во општината; утврдувањето и наплатата на општинските даноци, такси и надоместоци; спортските објекти во општината; угостителството; туризмот и други инпекциски работи за кои со закон е надлежна општината.

Раководител: Зоран Узунов Тел. 034/348-030

Територијална професионална противпожарна единица

Територијалната професионална противпожарна единица на општината ги врши следните работи:
- гаснење на пожари на подрачјето на општината
- отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар
- спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии
- укажување на техничка помош при незгоди и опасни ситуации
- извршување на други работи при несреќи и непогоди
- врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не го оневозможуваат или попречуваат вршењето вршењето на основната функција
- заедно со територијалнмите единици од општините на во РМ, дејствуваат како противпожарни единици на Република Македонија, заради оперативно делување при гаснењето на големи пожари на целата територија на Република Македонија
- давање помош кога тоа е побарано при гаснењето на пожари во други држави
- водење на посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствената методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и општината за тоа
- периодично испитување и проверка на исправноста на противпожарната опрема со која располага Територијалната противпожарна единица
- тековна поправка и одржување на механиката
- давање на противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи
- врши обука од областа на противпожарната заштита за припадниците на АРМ
- едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиум ии организирање на други активности
- врши и други работи што ќе и бидат доверени.

Работите од став 1 на овој член, Територијалната професионална противпожарна единица на општината ги врши на подрачјето на општината, а ги покрива и подрачјата на општините Босилово, Василево и Ново Село. Во рамките на Територијалната професионална противпожарна единица функционира команден оперативен центар, противпожарен и автомеханичарски сервис организирани како 1 чета со 4 одделенија.

Заради оперативно делување при гаснење на големи пожари, територијалната професионална противпожарна единица може да врши работи и на територијата надвор од општините наведени во став 2 од овој член.

Командир на ТППЕ: Мијалче Крстев

Страница 1 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544