Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Секретар на општина Струмица

Работни цели: Остварување на законско, ефикасно и ефективно работење и раководење со општинската администрација во насока на извршување на надлежностите на општината, обединување на работата на општината и раководење со сите административни службеници, како и подршка и спроведување на работата на градоначалникот.

Работни задачи и обврски: 

- го организира, кординира, обединува и насочува извршувањето на работите и задачите во општинската администрација и се грижи за нивното законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување ;
- ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината, врши анализа на состојбата и дава иницијатива и предлози за нивно решавање;
- се грижи за остварување на стратешкиот план, програмата за работа и буџетот на општината , и врши координирање на подготовката на предлозите за стратешки план, програма за работа, програма за стручно усовршување, извештај за работење;
- ги следи и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците, насоките и упатствата на градоначалникоти се грижи за уредноста и ажурноста во работата по предметите и изготвува концепции за унапредување на организацијата, за функционирањето и за методот на работа на општинската администрација;
- одржува редовни колегиуми со раководителите на секторите/одделенијата и дава упаства на раководните и другите административни службеници,
- го советува и му помага на Градоначалникот во врска со комплексни активности и постапки што претставуваат новина и што не спаѓаат во редот на стандардните постапки;
- ја следи работата на јавните служби и предлага мерки за ефикасно и ефективно извршување на нивната работа;
- го обединува работењето и ја унапредува хоризонталната кординација на сите сектори/оделенија во општинската администрација; и
- соработува со други органи на локалната власт, како и со претставници на стопанството и на граѓанскиот сектор;
- дава совети по прашања поврзани со претставувањето на општината во рамките на ЗЕЛС и да учествува во работата на работните тела на општината, кога за тоа е овластен од градоначалникот.

Секретар на Општина Струмица: Александар Оџаков

тел. 034 348030

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544