Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општинска администрација

Сектор за управување со човечки ресурси и обуки

Секторот за управување со човечки ресурси и обуки ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- следење, проучување и применување на законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи;
- подготвување на предолог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, предлог-правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измените и дополнувањата на овие акти;
- подготвување и обработување на податоци во врска со човечките ресурси и обработување на документација за изработка на анализи и информации;
- водење и ажурирање на електронската база на податоци за вработените;
- водење на персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација;
- водење на евиденција за присуство на работа на вработените како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и доставување до Секторот за финансиски работи;
- соработува со Министерство за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација во однос на сите прашање поврзани со административните службеници (работни односи, обуки, оценување и др.);
- спроведување на постапката за вработување на државните службеници и на лицата без статус на државни службеници;
- пополнување и доставување на ДС обрасците до Централниот регистар за државни службеници што го води Министерство за информатичко општество и администрација;
- учество во подготвување на годишната програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници;
- анализирање на потребите за обуки, предлагање на насоки за доусовршување на вработените;
- координирање на процесот на оценување на државните службеници;
- координирање и подготвување на планот за користењето на годишните одмори и изготвување на решенијата за годишни одмори;
- предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;
- и други работи што ке бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: , тел.034 348030

Одделението за управување со човечки ресурси ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- следење, проучува и применува законските прописи од областа на локалната самоуправа, работните и службеничките односи;
- подготвување на предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на работите на општинската администрација, предлог-правилник за систематизација на работните места во општинската администрација, како и измените и дополнувањата на овие акти;
- ажурирање на електронската база на податоци за вработените;
- водење на персоналните досиеја на сите вработени во општинската администрација;
- водење на евиденција за присуство на работа на вработените како и прием и обработка на податоците за боледувања, нивна контрола и доставување до Секторот за финансиски работи;
- спроведување на постапката за вработување на државните службеници и на лицата без статус на државни службеници;
- пополнување и доставување на ДС обрасците до Централниот регистар за државни службеници што го води Министерство за информатичко општество и администрација;
- координирање на процесот на оценување на државните службеници;
- координирање и подготвување на планот за користењето на годишните одмори и изготвување на решенија за годишни одмори;
- и други работи што ке бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: , тел.034 348030

Одделението за обуки, ги извршува надлежностите кои се однесуваат на:
- соработување со Министерство за информатичко општество и администрација во однос на сите прашања поврзани со Законот за државни службеници од областа на обуките;
- предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените и нивно усовршување од аспект на примена на законските и подзаконските прописи од надлежност на општината;
- подготвување на годишната програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници;
- подготвување и обработување податоци во врска со човечките ресурси и обработување на документација за изработка на анализи и информации потребни за изработка на годишни планови за обуки;
- анализа на потребите од обука на државните службеници, подготвување на годишна програма за обука, буџет за реализација на годишната програма за обука, курикулуми за избор на обучувачи, го координира и следи процесот на реализација на годишната програма за обука и евалуација на обуките од аспект на примена на стекнатите знаења од остварените обуки;
- подготвува полугодишен извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници и го доставува до Министерство за информатичко општество и администрација во електронска и печатена форма;
- изработката на технички спецификации за избор на надворешни организации за подготвување програми за обука и нивно изведување за потребите на Комисијата за јавни набавки;
- подготвува договори за регулирање на меѓусебните права и обврски при стручно оспособување и усовршување на државниот службеник по потреба на органот;
- следење и примена на прописите од областа во која работи, соработува со другите државни службеници и помага во остварувањето на останатите надлежности од делокругот на одделението;
- и други работи што ке бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.

Раководител: , тел.034 348030

Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:
- врши внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот на процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината, согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија, прифатени од Министерството за финансии;
- подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрување од градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;
- доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот на општината;
- подготвува квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
- врши оценување на значајни фактори на ризик и дава совети на градоначалникот на општината, за намалување на истите;
- ја утврдува економичноста, ефикасноста и ефективноста во работењето на системите за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
- ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
- ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на органите на општината.

Раководител: Марија Гарванлиева, тел.034 348-030

Секретар на општина Струмица

Работни цели: Остварување на законско, ефикасно и ефективно работење и раководење со општинската администрација во насока на извршување на надлежностите на општината, обединување на работата на општината и раководење со сите административни службеници, како и подршка и спроведување на работата на градоначалникот.

Работни задачи и обврски: 

- го организира, кординира, обединува и насочува извршувањето на работите и задачите во општинската администрација и се грижи за нивното законско, ефикасно, навремено и квалитетно извршување ;
- ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината, врши анализа на состојбата и дава иницијатива и предлози за нивно решавање;
- се грижи за остварување на стратешкиот план, програмата за работа и буџетот на општината , и врши координирање на подготовката на предлозите за стратешки план, програма за работа, програма за стручно усовршување, извештај за работење;
- ги следи и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците, насоките и упатствата на градоначалникоти се грижи за уредноста и ажурноста во работата по предметите и изготвува концепции за унапредување на организацијата, за функционирањето и за методот на работа на општинската администрација;
- одржува редовни колегиуми со раководителите на секторите/одделенијата и дава упаства на раководните и другите административни службеници,
- го советува и му помага на Градоначалникот во врска со комплексни активности и постапки што претставуваат новина и што не спаѓаат во редот на стандардните постапки;
- ја следи работата на јавните служби и предлага мерки за ефикасно и ефективно извршување на нивната работа;
- го обединува работењето и ја унапредува хоризонталната кординација на сите сектори/оделенија во општинската администрација; и
- соработува со други органи на локалната власт, како и со претставници на стопанството и на граѓанскиот сектор;
- дава совети по прашања поврзани со претставувањето на општината во рамките на ЗЕЛС и да учествува во работата на работните тела на општината, кога за тоа е овластен од градоначалникот.

Секретар на Општина Струмица: Александар Оџаков

тел. 034 348030

Организациона структура на општина Струмица

Општинската администрација на Општина Струмица се организира во следниве сектори, одделенија и територијална противпожарна единица:

organizaciona_struktura.pdf
[превземи]

Страница 2 од 2

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544