Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата...
Изработката на извештајот е согласно обврската на изготвувачот на планскиот документ заспроведување на постапка за оцена на влијанието од планскиот документ врз животнатасредина и врз животот и здравјето на луѓето, дадена во глава X (Оцена на влијанието наопределени стратегии, планови и програми врз животната средина) од Законот за животна средина. Согласно точка 13 (Планирање на просторот и користење на земјиштето), член 3 од Уредбата за стратегии, планови програми, вклучувајќи и нивните промени, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и врз животот и здравјето на луѓето, Деталениот урбанистички план за блок 19 урбана единица 2 Струмица - Општина Струмица, е плански документ за кој задолжително
се врши стратегиска оцена на животната средина.
Целта на овој извештај е да изврши идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина од имплементацијата на предвидениот плански документ уште во фазата на неговата подготовка и да предвиди соодветни мерки за спречување и контрола на влијанијата.
Извештајот е изработен согласно содржината на извештајот пропишана во Уредбата за содржина на извештајот за стратегиска оцена на животната средина (Сл. весник на РМ бр.153 од 20.12.2007 год.).