Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички план во населено место с.Банско за дел од блок 12 Спа центар - Општина Струмица

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Општина Струмица, на ден 12.07.2012 година, донесе

 


Одлука за неспроведување на стратегиска оцена


1. За планскиот документ  Урбанистички план во населено место с.Банско за дел од блок 12  Спа центар  - Општина Струмица со техн. бр. 137/11 кој го донесува Советот на Општина Струмица согласно Програмата за изработување на урбанистички планови бр. 07-7864/1 од 29.12.2011 година не е потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Струмица  на следната web адреса/и: www.strumica.gov.mk .

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата , содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички план во населено место с.Банско за дел од блок 12  Спа центар  - Општина Струмица  нема да има влијание врз животната средина од следните причини:

Планот е предвиден и анализиран при донесувањето на УДНМ за населено место с. Банско  Општина Струмица. Влијанијата на планот беа разгледани при донесувањето на планскиот документ Урбанистички план во населено место с.Банско за дел од блок 12  Спа центар  - Општина Струмица  , и беа дадени насоки за изработка на планот .
Влијанието врз населението и човековото здравје е минимално и занемарливо .    
Влијанието врз квалитетот на амбиенталниот воздух , влијанието врз квалитетот
на  површинските и подземните води , влијанието врз почвата , влијанието
поврзано  со управување со отпад се исто така минимални и занемарливи.
Позитивни  влијанија ќе има врз социо-економската состојба на населението
преку  вработување и економска благосостојба .

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до министерот за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на web страната

 

 


sea_formular_137.pdf
[превземи]






ОПШТИНА СТРУМИЦА
Градоначалник,
Зоран Заев

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544