Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Добрата стратегиска оцена ќе придонесе за квалитетен третман на отпадните води

Денес во салата на Советот на општина Струмица се одржа јавна презентација на извештајот за стратегиска оцена на животната средина во рамките на реализацијата на Програмата за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица.

Стратегиската оцена се реализира во рамките на „Инвестициски проект за третман на отпадни води во агломерација на Струмица", развиена во рамките на проектот EuropeAid/133257/D/SER/MK - Изработка на студии (ФС, ОВЖС, КБА), проектна документација и тендерската документација за инвестициски проекти за собирање и третман на отпадните води во Општините Струмица, Битола и Тетово ".Во расправата е констатирано дека Стратегиската оцена во целост ги покрива сите аспекти за развој и реализација на квалитетен Проект, што ќе придонесе за квалитетен и целосен третман на отпадните води во новиот систем за прочистување на отпадни води во согласност со националното и ЕУ законодавството.

 

 



 

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544