Проектни партнери: Општина Струмица, Општина Ново село, Општина Босилово, Општина Василево, ГТЗ РЕДЕМ
Промоцијата на струмичкиот регион во Грција на кој ќе присуствуваат 50 грчки и 50 македонски бизнисмени несомнено дека ќе ја поттикне економската соработка меѓу двете погранични земји и двата погранични региони Струмица и Солун. Истиот ќе се реализира во три сегменти.
Прво, Промоција на веб порталот на струмичкото стопанство. Веб порталот на струмичкото стопанство – www.strumicaeconomy.com e прв македонски портал кој промовира регионално стопанство и воопшто прв портал од Македонија кој содржи простор за промоција на неограничен број стопански субјекти.
Второ: Промоцијата на поволностите за инвестирање во Македонија пред грчките стопанственици преку претставување на инвестиционите поволности кои ги нуди државата од една страна и општините од струмичкиот регион од друга страна
Трето: Работни состаноци и претставувања меѓу присутните грчките стопанственици и стопанствениците од струмичкиот регион кои припаѓаат во ист сектор. Активноста ќе се реализира на 10 работни маси на кои ќе се состанат стопанствениците кои припаѓаат на ист сектор.