Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Од луѓе за луѓе

Наслов: Проект за воспоставување на долготрајна прекугранична соработка и размена на културно историско наследство.

Партнер: Општина Петрич
Целта: Промоција на културното и историско наследство (традиции, обичаи, споменици архиолошки локалитети)
Зајакнување на трајна соработката меѓу општина Струмица и општина Петрич во областа на културата, како и меѓусебно здобивање на знаења од областа на културата.
Создавање на нови ликовни богатства за своите држави и граѓани. Популаризација на културните манифестации во регионот. Создавање услови за непречена и неограничена творечка работа и размена на искуства и создавање трајни врски на пријателство и разбирање меѓу уметниците, но и помеѓу средината и уметниците, да се запознаеме  со историјата и културното наследство на македонскиот и бугарскиот народ. Да се продолжи и негува соработката мегу локалните власти и културните институции на двете општини.

Главни активности:

Филмски фестивал, со акцент врз размена на искуствата меѓу     Македонските и     Бугарските  филмски автори, како и афирмација, популаризавија и валоризација кон  целокупната публика.

Презентација на филм од Бугарски автор.

Ликовна колонија во Нaционалната установа за култура на која ќе учествуват 20 ликовни творци од Македонија и други држави. Од општина Петрич е предвидено да учествуват двајца уметници кои ќе се прикажат со свои уметнички дела. Главна цел е да се разменат искуства, информации и  да се развие долготрајна сотаботка мегу сликарите и скулптурите од Струмица и Петрич.

Учество на група од Општина Петрич на Струмичкиот карневал кој се одржува за време на големиот Велигденски пост.

Одржување на  работилница на тема :Заштита на културното и историско наследство и стари ракописи, читање и разбирање на текстот на старите матерјали.

Буџет: 32223,00 €

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544