Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

МИЛЕНИУМСКИ РАЗВОЈНИ ЦЕЛИ ВО МАКЕДОНИЈА - МРЦ

На Милениумскиот самит одржан во септември 2000 година, 189 земји членки на Обединетите нации го потврдија нивното залагање да работат во насока на одржлив развој и искоренување на сиромаштијата во светот.
Милениумската декларација е документ во кој се поставуваат 8 општи развојни цели, 18 посебни цели и 48 индикатори како рамка за мерење на напредокот во развојот.
Република Македонија, со усвојувањето на Милениумската декларација ја истакна својата заложбa за:

• Мобилизирање на сите расположиви ресурси во насока на намалување на  сиромаштијата и социјалната исклученост,
• Обезбедување квалитетно и сеопфатно основно образование,
• Унапредување на половата еднаквост и поддржување на жените,
• Намалување на смртноста кај децата,
• Подобрување на здравјето на родилките,
• Намалување на болните од заразни болести, вклучувајќи ги и ХИВ/СИДА и Туберкулоза,
• Обезбедување одржливост на животната средина,
• Обезбедување партнерство за развој,

За таа цел UNDP ја поддржа агендата на Милениумските развојни цели (МРЦ) во Македонија преку проектот Поддршка на Националниот процес за МРЦ, односно ,,Градење на капацитетите на локалните власти, граѓансќите организации и домашниот деловен сектор за учество во процесите за намалување на сиромаштијата и МРЦ во Македонија.
Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија со изработка на рамка за Национален стратешки развој, кој врз база на нејзината посветеност, води кон постигнувањето на Развојните цели до 2015 година, воедно силно заложувајќи се за приклучување кон членството на Европската унија.
Главна цел на проектот е поттикнување на учеството на локалните власти, граѓанското општество и деловниот сектор во подготовката, спроведувањето и набљудувањето на Националната програма за социо економски развој на земјата базирана на Милениумските развојни цели (МРЦ).
Националната програма за социо-економски развој чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ги опфаќа социо-економските проблеми во земјата, зголемените стапки на сиромаштија и невработеност, како и социјалното исклучување.
Истата ќе биде изработена преку партиципативен пристап, опфаќајки ги националните приоритети, цели и показатели во социо-економскиот развој,  кои придонесуваат за постигање на МРЦ.
Локализацијата на МРЦ ќе биде постигната преку фацилитирање на дијалогот помеѓу локалните актери  со утврдување и решавање на краткорочни и долгорочни локални приоритети, како и изнаоѓање на механизми за решавање на локалните проблеми, ставајќи посебен акцент на приоритетите и потребите на ранливите групи.
Зајакнувањето на партнерството помеѓу граѓанските организации, деловниот сектор и локалните власти,  ќе биде од клучно значење за донесување спроведување и мониторинг на Националната програма за социо-економски развој на Државата.

Превземи повеке за Миленимски развојни цели


MRC.PDF
[превземи]






За да можете да ги читате документите потребно е да имате инсталирано Adobe Acrobat Reader. Доколку немате инсталирано, истиот можете да го превземете од официјалната веб страна на Adobe.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544