Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за делување во домашни услови

Вкупниот буџет на проектот: 1.796.300,00 МКД
Учество на Светска Банка: 479.900,00 МКД
Учество на Општина Струмица: 529.600,00 МКД
Од Други извори: 792.600,00 МКД

Општина Струмица  со својот Проект :Дневен центар и клуб за стари лица со мобилна екипа за делување во домашни услови, беше една од трите најдобро селектирани општини кои врз база на Програмата за социјалните потреби на граѓаните од областа на социјалната заштита, ја добија подршката од Фондот за социјални инвестиции , Проект за развој на општините од Министерството за финансии и Светска Банка.



Дневниот центар се наоѓа во II Урбана заедница, на улица Младинска. Истиот е комплетно реконструиран и е опремен со современа техничка опрема (компјутер, телевизор, dvd player, музички систем итн). Дневниот центар и клуб за стари лица располага со  површина од 210 м2 во кој се сместени една просторија за дневен престој, кујна (со сиот потребен инвентар),  просторија за услуги од медицински каракер во која работат стручни лица. 



Дневниот центар и клуб за стари лица e oтворен на 11 Декември 2006 година во склоп на свеченостите и манифестациите организирани по повод денот на заштитниците на Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски Свештено маченици.
Во истиот се врши дневен претој на стари лица со обезбеден дневен оброк, медицински услуги и услуги од социјален работник и психолог.

Партнер во реализацијата на проектот и спроведување на програмските активности е Здрушението на граѓани за  за еманципација,социјализација,ресоцијализација,здравствена и психосоцијална помош и човекови права на граѓаните „Продолжен живот“-Струмица
Лица од оваа целна група, во едно интересно катче, поразлично од досега  си обезбедуваат забава и релаксација
.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544