Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА - РАЗВОЈ НА ПОВОЛНАТА ЕКОНОМСКА СРЕДИНА

ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

ДОНАТОР : Проектна канцеларија на Програмата за развој на Обединетите Нации

ВРЕМЕТРАЕЊЕ :ноември2005-декември2006

ОПШТИНСКИ ПАРТНЕРИ : Овој проект вклучува дефинирана меѓуопштинска соработка на општините Струмица, Ново село, Василево и Босилово при што се формира Центарот за локален економски развој.Седиштето на Центарот ќе биде во Струмица а ќе има истурени единици во Ново село, Василево и Босилово.

ЦЕЛИ :
O Градење на капацитетите на локалните власти, притоа трансформирајќи ги во силни институции за развој и за раст на приватниот сектор и со тоа за одржлив економски развој
O Подобрување на стопанското опкружување
O Подршка на претприемништво
O Намалување на сиромаштијата и социјалното исклучување

ПАРТНЕРСТВА ЗА ЛЕР:
Проектот за ЛЕР предвидува партнерства да се состојат од следнава широка структура:

O 20-25 партнери;
O 66% ќе бидат приватни фирми (големи, средни, мали и микро претпријатија) од регионот;
O Општините од регионот (градоначалници, советници и технички персонал);
O НВО вклучени во економскиот развој, пазарот на труд, одржливиот развој, итн.;
O Други јавни институции, како Агенцијата за вработување, Центри за социјални работи, образовни институции и други организации.

АКТИВНОСТИ 2006:

O Јакнење на капацитетите на ЛЕР тимовите и партнерства
O Обуки / Работилници
O Размена и искуства на информации
O Изработка на промотивни материјали
O Собирање на информации за изработка на профилот и стратегија на општината
O Изработка на Стратегија и Акциони планови
O Операционализација на Фондот за Економски Развој на Општините(ФЕРО)
O Презентирање на фондот
O Раководење со апликациите
O Реализација на селектираните проекти

Активностите ќе се насочуваат кон здружување на претставниците на јавниот, приватниот и НВО секторот со цел да се развие регионално партнерство за локален економски развој (ЛЕР); да се дефинираме приоритетите и потенцијалите во регионот во форма на стратегии за ЛЕР, акциони планови за ЛЕР и да се спроведат конкретни активности што предвидуваат трансформирање на општинските капацитети и унапредување на локалната економија.

Преку различни иницијативи како што се развивање на капацитетите и примена на општински развојни фондови, насочени кон стимулирање на економскиот развој и унапредување на локалните претприемнички способности, проектот ќе овозможи општините во регионот да ги надградат своите способности, притоа максимално искористувајќи го развоен потенцијал.

Реализирани активности: Партнерството за ЛЕР на Струмичкиот регион е формирано во следниот состав: 4 Градоначалници, 5 Советници, 6 Лер персонал, преставници од :Јавен сектор и ЈП, НВО здруженија, и струкови асоцијации, бизнис преставници и регионални канцеларии. На одржана седница на Партнерството за ЛЕР се избрани органите и е донесено Деловник за работа. На дводневна Работилилница за стратешко планирање одржана на ден 27 и 28 март 2006 година ЛЕР партнерството ,изврши презентација на економскиот профил на Струмичкиот регион. Истите распоредени во шест групи предложија SWOT анализа на Струмичкиот регион, врз основа на податоците од Профилот на Струмичкиот регион . На работилницата беше изготвена и SWOT анализа на неколку индустрии и тоа:металопреработувачка, дрвна, конзервна(конзервирање на зеленчук и овошје и текстилна.

ПРИДОБИВКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА ЛЕР
O Обучени и квалификувани лица за раководење на процесот за локален економски развој
O Воспоставена препознатлива форма на вклучување на заедницата во одлучувањето - ЛЕР
O Воспоставени процедури и искуство за функционирање на јавно-приватно партнерство
O Сеопфатна Стратегија и дефинирани Акциони планови
O Дефинирани приоритетни ЛЕР програми-основа за привлекување инвестиции
O Искуство со ФЕРО Фонд-препознатлив инструмент за донаторите за локален економски развоj

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544