Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Општинска библиотека

ОПШТИНСКА МАТИЧНА БИБЛИОТЕКА ’’БЛАГОЈ ЈАНКОВ МУЧЕТО’’
Ул. Благој Мучето бр.26
Тел.факс 034/ 349-040

Формирана во 1946 година  како градска библиотека. Во 1961 година прераснува во матична библиотека. Од 1978 година е сместена  во сопствен објект со површина од 600м кој оваа 2006 година е целосно реконструиран.
Организација: Во склоп на Матичната библиотека работат и три подрачни библиотеки во населенте места: Колешино, Муртино и Василево, истите се сместени во Домовите на културата.
Број на вработени: 14
Книжен фонд:140.000 монографски публикации.  
Во матичната библиотека има две одделенија кои работат непосредно со читателите:
- Одделение за деца
- Одделение за возрасни

Покрај овие информативно позајмни дејности, во библиотеката се застапени и следниве дејности: 

- Обработка на монографски публикации
Дејноста на овој оддел се состои од стручна обработка на монографските публикации  според меѓународните стандарди.Исто така се врши и каталогизација на истите.Според тоа постојат четири вида на каталози: азбучен, насловен ,стручен и основен.

-
Роднокрајно одделение
Овој оддел опфаќа: истражување, комплетирање, техничка и стручна обработка на публикциите и чување на библиотечниот материјал. Во овој оддел се собира материјал:
- што е печатен или на друг начин издаден на територијата на
општина Струмица;
- граѓа чија содржина се однесува на струмичкото подрачје;
- дела на автори родени на територијата на општината,независно каде живеат и творат.
Воедно овој оддел изготвува и библографии на роднокрајни автори или други содржини.

- Оддел за периодика
Овој оддел се занимава со прибирање,комплетирање ,стручна обработка и каталогизирање на периодични публикации и дневен печат.Тука спаѓаат списанија од сите области, кои се објавуваат во земјата, а и некои странски наслови кои ги добиваме како подарок.Исто така застапен е и дел од дневниот печат кој излегува во земјата.

-Оддел за популаризација на книгата
Активностите сврзани со популаризцијата на книгата се одвиваат  целата година преку разни форми.Популаризцијата има за цел да ја информира целокупната јавност за сите новини  од областа на
литературата.Сето тоа се прави со посредство на медиумите, преку промоции на книги, литературни средби и сл.
Една од активностите е ‘’’Месецот на книгата’’ кој се одржува секоја година. Оваа манифестација е збогатена со низа содржини 
кои го задоволуваат вкусот на читателската јавност.
Месецот на книгата ќе опфати повеќе содржини:

• Претставување на детски домашен автор;
• Промоција на нова книга од домашен автор;
• Доделување на награди на редовни читатели;
• Организирање посети на библиотеката за првачињата;
• Подготвување емисии на локалните телевизии,преку кои ќе се претстави библиотеката.
• Организирање на изложби на книги во соработка со издавачките куќи и на новонабавени книги.
• Одржување на средби со читателите, од кои би потекнале иницијативи за нови форми и содржини  на работа на библиотеката,со што би се постигнала единствената цел, а тоа е, библиотеката да се стави на комплетна услуга на читателите.

Во изминатите две години ,преку донаторство во библиотеката е набавена компјутерска опрема ,со што се создаваат услови библиотеката постепено да прерасне во инфомативен центар.Со ова се зголемила професионализацијата на библиотечното работење за поуспешно задоволување на потребите на корисниците од разни области.

Имајќи во предвид дека земјоделието е една од основните дејности во овој регион,библиотеката од Струмица во соработка со библиотеката од Гевгелија, подготовува  проект ‘’’Агро 2000’’, кој би бил база на податоци од областа на земјоделието и преработка на земјоделските производи.

Библиотеката редовно организира активности преку кои ги претставува најновите достигања од областа на литературата.Раководејки се според желбите на читателите ,се организираат средби со домашни автори чии дела се најчитани во изминатата година. Во изминатиот период пред детската публика беа претставени авторите Горјан Петрески и Киро Донев, како автори чии дела се најомилени меѓу децата. Беше одбележана и годишнината од смртта на роднокрајните автори Видое Подгорец и Љубен Ташковски. Промовирано е и делото на роднокрајниот  автор Кочо Урдин, со наслов ‘’’И кога мислиш размислувај’’.
Во соработка со домот на културата’’Благој Мучето’’ од Струмица, се оджаа и други активности по разни поводи,како одбележување годишнини на истакнати револуционери јубилеи изложби и сл.

Библиотеката ќе продолжи со изнаоѓање и подготовка на разни содржини кои ќе го привлечат вниманието на читателската јавност.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544