Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Споменик Гоце Делчев

Споменик на Гоце Делчев - Подигањето на овој споменик е по повод стогодишнината од неговото раѓање, честото присуство во Струмица и неговата поврзаност со членовите на Револуционерната Организација од овој град. Реализацијата на споменикот започна 1973 година, а заврши 11.10.1976 година. Поставен е на истоимениот плоштад. Дело е на академскиот ликовен уметник Бранко Конески, а партерното решение е дело на архитектот Мирјана Волинец.

Доминантна е скулптурата од лиена бронза на Гоце Делчев во натприродна висина од 5,20 м. со симболична претстава на повик на борба за слобода, поставена на постамент. Колосалната статуа го претставува го претставува Гоце Делчев зачекорен со десната нога, двете раце му се широко раширени и е облечен со гуна во комитска униформа. Лево и десно од скулптурата на Гоце Делчев има две странични мермерни платна со релјеф на кои се поставени 16 фигури на револуционери со висина од над 2 метри, исто така поставени во движење со различити изрази на лицата. На позадината од мермерните платна се напишани записи, заклетви преписки од времето на Гоце.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544