Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Споменик Цареви Кули

Сведоштво за немирните времиња во среден век во Струмица представуваат дебелите бедеми и тврдини над градот, наречени Цареви Кули. Оваа тврдина се наоѓа на јужната страна на градот, на зарамнето плато на врвот од ридот, кој мошне стрмно се издига над градот. Ова плато се наоѓа на надморска височина од 445 метри и од таму е можна прегледност и контрола над целата струмичка котлина. Платото можело полесно да се брани и кога не би било утврдено, затоа што со стрмнина е обиколено од сите страни. Ваквата местоположба на тврдината и овозможува едновремено да ги контролира трите влеза во градот.

По самите рабови на платото се наоѓаат остатоци од одбрамбен ѕид, од кои западниот, во должина од четириесетина метри, и денес е добро видлив. Овој одбрамбен ѕид тече околу платото и ја следи конфигурацијата на теренот по речиси иста изохипса. Покрај овој бедем на врвот на ридот, постојат уште неколку бедеми кои се протегаат на северната страна во неколку појаси. Овие појаси најверојатно допираат до самиот град Струмица. Главниот влез се наоѓал на јужната страна. Влезот бил фланкиран со две правоаголни кули, од кои југозападната и денес е сочувана, иако во нарушена состојба. Што се однесува до југоисточната кула, таа се издигала се до земјотресот кој ги погодил овие краишта во триесетите години на дваесетиот век. Влезот на јужната страна бил организиран со мост, кој веројатно бил подвижен во некои периоди и кој го премостувал вештачки направениот длабок дол поврзувајќи го со гребенот јужно од влезот. Можеме, исто така, да претпоставиме дека вакви кули имало и на северозападната и североисточната страна, зашто целата тврдина има форма на четвороаголник.
Во внатрешноста на тврдината се наоѓаат добро сочувани остатоци од повеќекатна полигонална кула, која представувала некој вид команден центар од кој се раководело со одбраната, таканаречен - донжон. Таа, и ден денес, добро е сочувана и се протега во правец север-југ. Однадвор има форма на неправилен издолжен шестоаголник со два остри агла свртени кон север и југ. Внатрешноста на кулата е четвороаголно организирана и имала два или повеќе ката. Педесетина метри северно од кулата се наоѓа издлабена во земјата четвороаголна просторија - цистерна. За оваа просторија се претпоставува дека била цистерна за вода или складиште за храна; жито, вино итн.

На западната и источната страна се наоѓа зарамнето плато на кое се констатирани стопански и стамбени објекти на посадата на тврдината.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544