Прашајте го градоначалникотСредба со градоначалникот

 

Буџет за 2018 година

Буџет за 2017 година

Буџет за 2016 година

Буџетите на општината за 2015 година и пред неа, а и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2018 кои се поставени на општинската веб страница или во делот општи акти.

Социјална карта на општина Струмица

Римска терма

Локалитетот познат како Римска терма претставува всушност доцноримско термоминерално лекувалиште (Balneum) кое е подигнато во III и IV век. Тој се наоѓа на околу 12 км оддалеченост источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица. Термата e откриенa во 1978 год. при копањето на темелите на хотелот "Цар Самуил". Објектот ги користил лековитите води на изворот "Парило", кој се наоѓа на 50 метри југозападно од него, чиј капацитет е 42 литри во секунда, а температурата е 72°Ц.

Во бањата досега се откриени 11 простории со вкупна корисна површина од 623 м². Ѕидовите се зачувавани во височина од 2 метра до 6,70 метри. Зачуваноста е најголема во просториите што служиле како сауна и базенот со ладна вода – фригидариум. Во сите простории се зачувани подовите, кои се градени од тула и малтер и почетните партии од сводните конструкции. Зачуван е и комплетниот систем на подното и ѕидното затоплување, а се зачувани и доводните и одводните канали. Со последните ископувања се пронајдени нови објекти во кои се откриени полихромни подни мозаици од средината на IV век.

© 2005-2018 Општина Струмица, ул."Сандо Масев" бр.1, 2400 Струмица, Република Македонија, тел.00389(0)34 348030, факс.(034)320544