Костадинов на полноќна Велигденска литургија со граѓаните на Струмица PDF Печати Е-пошта
Вторник, 18 Април 2017 13:16

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, Христовото воскресение го дочека во црквата „Св.Григориј Палама и Димитриј“ во Струмица. На Велигденската воскресна литургија присуствуваа и претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот, дел од раководството на Општината и Јавните претпријатија и голем број граѓани. Сите заедно си го честитаа големиот христијански празник Велигден и си посакаа многу здравје, среќа и подобар живот за сите.

 
Честитка од вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов по повод Велигден PDF Печати Е-пошта
Недела, 16 Април 2017 12:55

Почитувани сограѓани – благочестиви христијани, Во мигот кога свештените лица како Божји служители, ќе ја објават радосната вест за чудото над сите чудеса на овој свет – Христовото Воскресение, Ви посакувам таа вест да допре длабоко во Вашите срца и души, и да ве направи радосни и горди од сознанието дека сте Божји чеда.

 
Во март решени 137 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Април 2017 14:20

Во текот на месец март до општинскиот сервис „Систем 48“ биле доставени вкупно 153 пријави, од кои решени и одговорени се 137 пријави. Останатите 16 пријави се проследени до надлежните служби и се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа. 

 
Гитаристите од музичкото училиште „Боро Џони“ со одлични резултати на меѓународен натпревар во Бугарија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Април 2017 13:59

Учениците од основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ учествуваа на најстариот натпревар за гитара на Балканот кој што се одржа по 21-ви пат во Ќустендил, Република Бугарија и постигнаа одлични резултати.

 
Одбележан Денот на училиштето „Видое Подгорец“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Април 2017 13:29

Во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ денеска беше одбележан Денот на училиштето. На празнувањето насловено „Видое Подгорец – мој поет, моја инспирација“ кое се одржа пред спомен бистата во училишниот двор присуствуваа вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов,

 

 
Одбележана 72-годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 Април 2017 14:29

Денеска беше одбележана 72-годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт со пригодна свеченост која што се одржа пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк. На одбележувањето присуствуваа и свежо цвеќе положија вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Советот, Јосиф Христов.

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 3 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор