Се санираат ударните дупки на улиците во градот PDF Печати Е-пошта
Вторник, 11 Април 2017 14:06

Општина Струмица започна со санирањето на ударните дупки на улиците во градот согласно Програмата за улици и патишта за 2017 година. Според информациите од Одделението за комунални работи, денеска и утре ќе се врши санирање на вкупно 63 локации во градот. Општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање додека се вршат овие градежни зафати на улиците во градот.


 
Поставена е вештачка трева на фитнес зоната во паркот PDF Печати Е-пошта
Вторник, 11 Април 2017 14:03

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ го заврши доопремувањето на фитнес зоната во големиот градски парк. Целата површина на зоната е покриена со вештачка трева на која се поставени осум разновидни фитнес справи. Со оваа фитнес зона струмичани добија уште едно прекрасно катче за рекреација во големиот градски парк, а потврда за тоа се рекреативците кои денеска уживаа на справите во зоната.


 
Јавен повик за учество во последната обука во проектот „Косме и Хоризонт 2020“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 Април 2017 14:41

Во врска со Јавниот повик за избор на учесници на обуки во рамките на реализацијата на проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К”, објавен на ден 10.10.2016 година, последната обука која е предвидена во рамките на проектот - „Косме и Хоризонт 2020“, ќе се одржи во периодот од 25.04.2017 до 28.04.2017 во хотел „Сириус“, Струмица.

 
Во вчерашната акција „За чиста струмичка пролет“ подигнати рекордни 406 метри кубни отпад PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 Април 2017 13:26

Во рамките на традиционалната пролетна акција за генерално чистење која се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“ во текот на вчерашниот ден беа подигнати рекордни 406 метри кубни разновиден отпад.

 
Во СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица, одбележан Светскиот ден на здравјето PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 Април 2017 11:05

Светскиот ден на здравјето, 7-ми Април, оваа година посветен на депресијата, една од болестите на модерното живеење, средното општинско училиште со училишен дом „Димитар Влахов“ од Струмица, го одбележа со низа интересни и хуманитарни активности.

 
Акцијата „За чиста струмичка пролет“ продолжува во недела и ќе бидат опфатени 42 улици во градот PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 Април 2017 07:12

Tрадиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“, а која започна минатата недела, продолжува и во недела (09.04.2017година).  Во оваа неделна акција ќе бидат опфатени вкупно 42 улици во градот:

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 4 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор