Учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ постигнаа одлични резултати на меѓународниот натпревар Полихимија PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Април 2017 07:22

На вработените и учениците во музичкото училиште „Боро Џони“ покрај организирање и реализирање на успешни концерти, голем предизвик им претставуваат и учествата на натпревари како на државно така и на меѓународно ниво.На меѓународниот натпревар Полихимија кој што се одржа во Скопје, постигнаа одлични резултати. На натпреварот покрај натпреварувачи од Македонија, учествуваа и ученици од Србија, Босна, Албанија и други држави.

 
Се одржа бизнис средба со делегацијата од Електростаљ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Април 2017 14:35

Во рамките на четиридневната посета на делегацијата од градскиот округ Електростаљ од Московската област на Руската федерација, денеска, во просториите на домот на АРМ се одржа бизнис средба меѓу членовите на делегацијата и претставници на бизнис заедницата на општина Струмица. Целта на средбата беше продлабочување на економската соработка меѓу Електростаљ и Струмица, размена на нови идеи, искуства и информации во врска со понатамошната соработка, но се разгледуваа и можните проблеми поврзани со извозот и увозот на производи меѓу Македонија и Руската федерација.На денешната средба беше предложено да се организира заеднички саем на претпријатијата од Електростаљ и Струмица на кој тие ќе ги презентираат своите производи.

 
Руските уметнички Јакупова и Соломина одржаа концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 06 Април 2017 13:56

Во рамките на посетата на делегација од градскиот округ Електростаљ од Московската област на Руската федерација на општина Струмица, синоќа, во салата на музичкото училиште „Боро Џони“ се одржа концерт. Концертот се одржа по повод меѓународниот ден на полетувањето на човекот во вселената, а настапија Татјана Јакупова и Јулија Соломина и двете членки на вокалниот ансамбл на градскиот округ Електростаљ и добитнички на први награди на многубројни руски вокални натпревари. Јакупова и Соломина изведоа популарни руски патриотски песни и руски хитови за вселената, а присутните уживаа во нивните прекрасни настапи.

 
Делегација на Електростаљ во посета на општина Струмица PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 Април 2017 14:14

 Во четиридневна посета на општина Струмица престојува делегација од градот Електростаљ од Московската област на Руската федерација, предводена од заменик градоначалникот Дмитриј Гусев, и претставници на амбасадата на Руската федерација во Република Македонија. На средбата на делегациите од Електростаљ и општина Струмица која што се одржа во кабинетот на вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов,

 
Буџетот на општина Струмица поблиску до граѓаните PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 Април 2017 13:46

Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со општина Струмица, од почетокот на оваа година започнаа со процес на изработка на Граѓански буџет на општина Струмица за 2017 година.


 
Одбележана 10-годишнината од воведувањето на посебните паралелки за деца со аутизам PDF Печати Е-пошта
Вторник, 04 Април 2017 12:55

„Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица се најзаслужните за отпочнувањето на образованието на ученици со аутизам во Струмица и Македонија, но и за сите други ангажмани кои следуваа, а во насока на просторно проширување и осовременување на условите за непречено одвивање на образовниот процес.

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 5 од 14
 

Прашајте го градоначалникот
Средба со градоначалникот


Струмица се сака со дела



Ободен канал проект за
долги години спокојни граѓани


  Огласна табла


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 42 урбана единица 5 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 30 урбана единица 4 во Струмица линк


Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Нацрт ДУП за дел од блок 14 урбана единица 2 во Струмица линк


сите огласи...


        Буџет 2017


Буџет на општина Струмица за 2017 година


Буџет на општина Струмица за 2016 година


Буџет на општина Струмица за 2015 година


Буџетите на општината пред 2015 година и сите измени, дополнувања и ребаланси можат да се најдат во службените гласници од 2005-2017 кои се поставени на општинската веб страница



Пријави корупција


СИСТЕМ48

Социјална карта




Е - Информатор